Штипка
Забавен портал...

5 чудни работи кои кучињата ги обожаваат

Кучето е суштество кое во нас буди незамислива љубов. Сè повеќе луѓе одлучуваат да го споделат својот дом со крзнениот пријател.

Ви откриваме неколку работи кои кучињата ги сакаат, а кои не можевме веднаш да ги претпоставиме и да ги поврземе со нашиот миленик. Но, колку повеќе и подобро ги запознаваме, толку е поголема нашата љубов кон нив.

работи кои кучињата ги обожаваат

1. Облека на сопственикот
Кучињата ја сакаат гардеробата на својот сопственик, особено чорапите! Сакаат да ги носат низ дома и да ги проучуваат. Веројатно не ви е непозната сцената кога вашето домашно милениче едноставно ги присвојува вашите влечки, чорапи и слично. Ова е затоа што им се допаѓа вашиот мирис!

2. Свежо овошје и зеленчук
Речиси и да нема куче кое може да им одолее на коските или месото, па не би ви паднало на памет дека тие всушност сакаат свежо овошје и зеленчук. Интересно е што кучињата ја сакаат човечката храна, дури и повеќе од самите луѓе.

Одредени овошја и зеленчуци можат да имаат корисен ефект врз изгледот и квалитетот на кожата и кучешките влакна, па можете да најдете начин да ги ставите во стомакот на вашиот крзнен пријател. Се разбира, во консултација со ветеринар.

3. Сладолед
На социјалните мрежи често имаме можност да видиме слатки сцени во кои кучињата лижат сладолед, оставајќи половина од нив околу муцката. Летата особено ги сакаат бидејќи можат да им помогнат да останат хидрирани.

Но, бидете внимателни! На вашето куче треба да му дадете сладолед без шеќер кој е прилагоден на неговото тело. Сладоледот од банана е омилен на многу кучиња.

4. Кокосово масло
Можеби нема да го поврзувате кокосовото масло со работи што вашето куче ги обожава, но тоа не е така. Мастите кои се составен дел од кокосовото масло можат да го поттикнат производството на серотонин и позитивно да влијаат на расположението на најдобрите пријатели на човекот.

Друга придобивка од кокосовото масло е тоа што антибактериските агенси во него се одлични кога станува збор за хигиената на нивните заби. Ова масло може да придонесе за подобар изглед и квалитет на кучешките влакна. Но, и тука е потребна претпазливост – се препорачува на вашето куче да му давате најмногу една лажичка кокосово масло дневно.

5. Снег
Кучињата сакаат да играат на трева, но доколку таа е покриена со снег, тоа ќе им биде дополнително задоволство. Затоа, треба да го оставите вашето куче да си игра во снегот секогаш кога ќе ви се укаже прилика. Она за што треба да внимавате е премногу студ, што може да доведе до смрзнатини на шепите.

Коментари
Loading...