Штипка
Забавен портал...

„Феникс“ е безбедна дестинација за своите повозрасни жители

Пензионирањето ни изгледа одлично, имате многу слободно време за патување, истражување на ново хоби и поврзување со пријателите. Но, ако сте како многу постари лица, вашето пензионирање можеби нема да биде толку исполнето како што некогаш сте замислувале.

– Преселувањето во дом за постари лица нуди возбудливо ново поглавје во животот на една личност. Без разлика дали сакате да го вкусите добриот живот во безбедна средина или ви треба помош при секојдневните активности, нашите домови за стари лица „Феникс“ постојано се менува за подобро да им служат на своите резиденти, вели Методија Стевановски менаџерот на домовите за стари лица „Феникс“.

Тој додава дека „Феникс“ се единствениот синџир старечки домови во земјава, а оваа дејност во Македонија почнува де се развива некаде пред 20-тина години бидејќи целиот Балкан е место каде многу често доминираат предрасудите и многу луѓе на прво споменување создаваат негативна слика за домовите за стари лица.

– Да се менаџираат домовите за стари лица е вистински предизвик, првенствено затоа што е нова бранша, постои кратко време на пазарот и пополека станува она што треба да биде, меѓутоа треба уште да се развива и да се гради. Имаме големи амбиции за во иднина, сакаме да го изградиме како бренд, како ланец на домови. Не само во Скопје, туку и во останатите градови ширум земјава, вели Стевановски.

Тој раскажува дека во најголем процент семејствата се тие кои бараат помош од домот за сместување на своите родители или пак роднини, но во изминатите години расте и бројката на стари лица кои сами се приклучуваат и ги разбираат бенефитите од ваквото домување.

Нештата се менуваат и по моделот на Западните земји, токму овие места се потреба пред се за повозрасните, бидејќи грижата и негата се 24 часа, секој ден, една од најважните придобивки за нив, но и за нивните семејства. Исто така во „Феникс“ постојат и посебни одделенија кои се посветени на пациенти со специфична дијагноза како што е деменцијата, паркинсон или од друга сериозна болест.

– Сопругот падна, ја скрши ногата и отиде во болница. Иако состојбата физички се подобри, сепак тој не можеше да прооди. Во тоа време почна Kовидот и јас сама пазарував, сама се грижев за сопругот, но се инфициравме со Ковид. Тоа беше страшно, буквално немав сила за ништо, паѓав на паркетот и таму лежев се додека децата не дојдат да ми помогнат. Во исто време и синот и снаата се инфицираа и всушност целата фамилија бевме болни. Токму затоа дојдовме во „Феникс“ со намера додека не се оправиме од последиците од Ковид. Но навистина ни се допадна и одлучивме да останеме, раскажува Марија, 81 годишна жителка на „Феникс“ во Капиштец.

Нејзината пријателка пак Иванка, живеела сама, а ќерките и се во странство, многу често ја грешела медицинската терапија и се потешко и било да излегува до продавница или пак за други потреби.

– Тоа лето пред да дојдам имав некои проблеми со срцето, сите обврски ми станаа се потешки, децата не се тука. Една од ќерките работи во сличен дом за стари лица во Германија и ми предложи да видам дали ќе ми се допадне. Во „Феникс“ сум година ипол, имам пријатели, прекрасна храна, вежби, а што е најважно докторот секој ден ја проверува психофизичка здравствена состојба, а сестрите дури и ноќе ме потсетуваат да се напијам таблети. Истото го прават и во Германија, нема разлика, раскажува таа.

По 24 години живот во Австралија и Нов Зеланд, 91-годишниот Трајче се вратил во Македонија и повеќе од две години живее во домот за стари лица „Феникс“ во Капиштец.

– Од Австралија директно овде во домот дојдов, не ќе се случеше таков случај ако немав срцев удар ноќно време кога едвај отидов во просторијата каде што спиеше ќерката и зетот да им кажам што ми е. Потоа бев во болница, а кога излегов разгледавме некои домови во Австралија, но цената беше многу висока. Мојата пензија беше премала, а јас не дозволувам децата да ми доплаќаат и да се грижат. Затоа решив да се вратам во родната земја и воопшто не погрешив, раскажува Трајче.

Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот старски дом е основан во 2002 година во тешки услови и под друг назив кој што по неколкуте променети локации и борбата како и стремежот за успех доведоа до основање на првиот „Феникс” чие име потекнува од самата историја на оваа компанија, издигање од пепелта. Денеска Феникс располага со три старски дома „Феникс Геромедикал”, „Феникс Премиум” и „Феникс Фемили”, а наскоро се отвора четвртиот под името „Феникс Гарден“ во населбата Црниче.

Како изгледа еден ден во Феникс:

 

Коментари
Loading...