Штипка
Забавен портал...

Поповска: „Минимализам“ е колекција за младите кои негуваат секојдневен спортски стил

Креативката Елена Поповска од Ателје „Jewelry My Precious“ со нова колекција „Минимализам“ чија инспирација и се младите, а идејата доаѓа по двегодишна соработка со синот во изработувањето на уникатен накит.

– Во заеднички разговор со синот дојдовме до идеја дека треба да им го претставиме нашиот бренд на младите, со тоа што ќе изработиме колекција привезоци, која би одговарала на нивниот секојдневен спортски стил, како на момчињата така и на девојките кои сакаат малку поедноставни минималистички парчиња накит кои би можеле да ги носат во секоја пригода. – вели Поповска.

Целата колекција е направена од сребро за да се потенцираат едноставноста и чистотата на младите години.

– Оваа колекција е наменета за индивидуи кои се карактеризираат со една препознатлива спортска елеганција. Кои се активни во својот живот, уживаат да го негуваат и градат својот стил. Токму таа едноставна нота овозможува истото парче накит да одговара подеднакво како моден детал и кај момчињата и кај девојките. Со колекцијата сакам да дадам порака до сите млади дека треба да ги уживаат своите години. Дека треба да ја негуваат својата едноставност, да бидат активни во секој дел од денот, но сепак да можат, но и да знаат да ја искажат својата елегантна страна и преку минимален накит. – појаснува Елена.

Таа во моментот е дел од проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ спроведен од Центар за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy.

Коментари
Loading...