Штипка
Забавен портал...

Штрајкот на СОНК ставен во мирување, децата од утре се враќаат на училиште

Штрајкот на СОНК ставен во мирување, денеска на прес конференција претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

Јаким Неделков

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, изјави Јаким Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Во текот на денот се очекува и конечна одлука за учениците утре да се вратат во училишните клупи.

Коментари
Loading...