Штипка
Забавен портал...

СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ДА ТРЧА- Во недела ќе се оддржи шестото издание на HalkEco Skopje Run 10KM!

Уличната трка, која од локална, прерасна во меѓународна, HalkEco Skopje Run 10KM, ќе се оддржи на 8 ми мај, во недела, со почеток во 09:00 часот. Патеката по која ќе трчаат натпреварувачите ќе биде иста како и минатата година, како и стартот и целта – пред фонатаната „Лотос“.

HalkEco Skopje Run 10KM

Организатор на трката која со нетрпение се oчекува веќе 6та година по ред,  е Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички и насловениот спонзор HalkBanka, а генералени покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт.

Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг.

Бидејќи трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парична награда. Со пехари и дипломи ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 год., од 45 до 54 години и над 55 години. Церемонијата на доделување на награди ќе започне по завршувањето на трката.

Пријавените тркачи своите  стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 6ти и 7ми (сабота и недела) мај, од 12 до 18 часот, во Skopje City Mall на 2 спрат кај продавниците за спортска опрема. Важно при подигнување на стартниот број е тркачите да прикажат документ за идентификација или потврден меил од организаторот за пријава на самата трка.

Се очекува настап и на најдобрите македонски атлетичари Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски кој е рекордер и победник на сите досегашни изданија на оваа трка.

Организаторите на настанот на сите натпреварувачи им посакуваат добри резулатати и да уживаат во ова 6то издание на HalkEco Skopje Run 10KM и ги повикуваат скопјани да дојдат да ги поддржат сите учесници.

Коментари
Loading...