Штипка
Забавен портал...

Скопје во полн сјај: Пиволенд ја дигна на нозе македонската публика

Среќно и насмеано Скопје. Таква беше првата фестивалската вечер на најголемиот пивски фестивал во земјата Пиволенд. Скопјани уште еднаш испратија порака дека го сакаат Пиволенд.

Огромен број посетители уживаа во стартната програма на првиот ден од фестивалот која започна од 18;00 часот со музички настап на DJ Mats на Main Stage-от и настап на македонската млада пејачка Лара Иванова на Craft сцената.

Првата вечер ги угости и Conquering Lion, рок бендот Shine,македонските бендови Последен Удар, Тотално Опуштање и Преку Ред, а Main Stage-от го затвори култниот македонски бенд АРЕА кој испрати силна порака до илјадниците посетители – да пееме и да ја славиме љубовта преку песна.

Скопје вчера беше и повеќе од љубов.

Скопјани уживаа во пивото, наздравува за нови среќни моменти и дефинитивно се препуштија на ритамот на музиката.

И во наредните денови, Пиволенд најавува богата музичка програма, многу пиво, вкусна храна и плоштад полн со насмеани и среќни лица.

ДНК, Funk Shui, Архангел, Фолтин, Баклава, Игор Џамбазов и Гуру Харе се само дел од македонските музички артисти кои ќе се качат на двете сцени на Пиволенд 2022 и ќе приредат фестивал за паметење.

Првата фестивалска вечер на Пиволенд ќе биде запаметена и по Атанас кој го прифати предизвикот на водителот Димитар Атанасовски и го истетовира името на фестивалот Пиволенд на неговата нога.

Музиката е таа која не спојува. Музиката е таа која ја има моќта да го надвладее секој лош збор, да испрати позитивни вибрации, да насмее, да те натера да запееш и заиграш, да наздравиш со пиво.

Музиката е љубов, а љубовта е Пиволенд.

Нека и овој Пиволенд биде љубов за сите нас и љубов за цело Скопје.

Да наздравиме за љубов.

Дојди, види, испиј.

Коментари
Loading...